5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши го презеде претседавањето со Енергетската заедница за 2018 година

Бектеши го презеде претседавањето со Енергетската заедница за 2018 година

Министерот за економија, Крешник Бектеши, за време на петнаесеттиот состанок на министерскиот совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Приштина, Република Косово, го презеде претседавањето со Енергетската заедница за в година.

Бектеши пред советот на министрите ги истакна приоритетите во текот на македонското претседавање, меѓу кои дополнување на договорот за основање на Енергетската заедница, целосно спроведување на третиот енергетски пакет, особено раздвојување на операторите на преносните системи, електричната енергија и гасот кај сите договорни страни, како и воведување еднакви правила за издавање и признавање лиценци.

Министерот во рамките на приоритетите на Македонија како нов претседавач предложи регионална соработка во итни случаи за електрична енергија за да се избегнат едностраните забрани за извоз, како и решавање на регионалните спорови во рамките на Енергетската заедница.

Состаноците на министерскиот совет се одржуваат еднаш годишно на место што ќе го одреди земјата потписничка на договорот, која во тој период претседава со Енергетската заедница, и тоа во согласност со ротирачки принцип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП