17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТворецот на биткоинот може да стане најбогатиот човек во светот

Творецот на биткоинот може да стане најбогатиот човек во светот

Вистинскиот идентитет на личноста која го креираше биткоинот и кој се претставува како Сатоши Накамото се уште не е познат, а не е познато и дали е индивидуалец или пак група на луѓе. Но, ако тоа е еден човек, Накамото е на 52. место на листата на Форбс на милијардери и ако се земе во предвид трендот на раст на вредноста на биткоинот наскоро би можел да се искачи на врвот на листата како првиот милијардер светот.

Се проценува дека т.н. Накамото е сопственик на речиси еден милион биткоини, кои према цената од 12 декември поседува 17 милијарди долари. Не елесно да се собере вкупното богатство бидејки тие се распоредени во повеќе дигитални паричници, а според истражувањето спроведено од страна на Серџо Демиан Лернер, поседува околу 980.000 биткоини, но многумина се согласуваат дека оваа бројка е поблиску до еден милион единици.

Познавачите го доведоа прашањето за иднината на биткоинот и се сомневаат дека Накамото некогаш ќе биде во можност да го уновчи своето богатство, додека други тврдат дека експлозијата на биткоинот во 2017 година е само почеток. Ако овие другите се во право, Накамото лесно може да стане најбогатиот човек во светот.

Во прилог на оваа теорија не одат некои податоци кои ги збунува и експертите на оваа тема, а интересно е дека кога ги тестирале дигиталните трансакции се констатирало дека биткоините на Накамото мируваат, и колку што е познато, досега нема уновчено ниту еден биткоин.

Накамото не е единствената личност која има доволно биткоини за да го привлече вниманието на јавноста. Неодамна браќата Камерун и Тајлер Винкловс станаа милијардери кога валутата достигна вредност од 11.500 долари. Тука се и инвеститорите Бери Силберт и Тим Драпер кои на аукцијата од страна на владата на САД купија значителен износ на биткоини, исто така се кандидати да станат биткоин милијардери.

Многумина предупредуваат дека ако се обиде Накамото  да потроши барем дел од своето богатство, може да нанесе непоправлива штета на биткоинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП