26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе ја зголеми финансиската помош за комуналните претпријатија

Владата ќе ја зголеми финансиската помош за комуналните претпријатија

Проблемите со кои се соочуваат комуналните претпријатија беа тема на разговори на средбата помеѓу претседателот на Владата, Зоран Заев, и генералните директори на комуналните претпријатија во организација на Здружението на давателите на комунални услуги – АДКОМ, информираат од владината прес-служба.

Директорите и премиерот разговарале за многубројните проблеми со кои се соочуваат претпријатијата, при што Заев ја акцентирал подготвеноста на Владата заедно со општините да ги решава напластените проблеми во интерес на граѓаните и подобро функционирање на претпријатијата.

Во соопштението испратено од Владата се наведува дека Заев го истакнал зголемувањето финансиска помош од Владата како еден механизам преку слевање повеќе пари, да се решат одредени проблеми во функционирањето на претпријатијата на локално ниво.

„За наредната година со основниот буџет, кој е на дебата, определивме 938 милиони денари допочнителни пари за основните и за средните училишта и за детските градинки. И најголем дел од тие пари повторно е за чистење долгови. Уште 200 милиони денари со репрограмирање ставивме за тие ставки на децентрализација. Целта е со одредени пари што ќе извртат насекаде да им олесниме на поголем дел од институциите. Училиштата сакаат да си платат, но немаат пари, комуналните претпријатија сакаат да си ги платат обврските. Така што преку овој механизам ќе се вшприцаат повеќе пари кај комуналните претпријатија кои за вас ќе значат да си исплатите што е можно повеќе обврски. Вториот дел се државните институции штодиректно должат, министерствата, јавните државни претпријатија, акционерските друштва, и овде определивме големи пари, многу репрограми, сè она што е резерва да се насочува кон комунални услуги“, истакна Заев.

Премиерот оценил дека буџетот е проектиран за да овозможи финансиска и економска стабилизација на државата и изразил силни уверувања дека Владата е определена да ја јакне локалната самоуправа, што ќе го доближи одлучувањето до граѓаните, а и позитивно ќе се отслика на работењето на комуналните претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП