18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистите предвидуваат за 2018-та најсилниот раст за Германија од 2011-та

Економистите предвидуваат за 2018-та најсилниот раст за Германија од 2011-та

Институт за економски истражувања (Ifo) со седиште во Минхен ја зголеми значително економска прогноза за 2018-та година. Истражувачите очекуваат раст на германската економија од 2,6%. Ова ќе биде највисока вредност од 2011-та година.

Досега, експертите очекуваа раст на „само“ 2,0%. Неодамна Институтот ја прилагоди прогнозата за 2017-та година од 1,8% на 2,3%.

„Ако бројот на работните денови не беше толку низок, ќе имавме дури раст од 2,5% во оваа година“, коментира претседателот на „Ifo“, Клеменс Фюст.

Тој исто така е оптимист за следната година. „Германската економија се развива добро, а инерцијата од 2017-та година ќе се протега до 2018-та година. За 2019-та година Институтот очекува раст од 2,2%.“

Тимо Волмерхојзер, директор на одделот за економски анализи на „Ifo“, го оправдува зголемувањето на прогнозата: „Многу индустрии напредува – од градежната индустрија до трговијата, поради што индексот за бизнис климата на „Ifo“ брза од рекорд кон рекорд“.

Економските податоци за конјунктурата исто така се подобруваат: бројот на вработените се очекува да се зголеми од 44,3 милиони во тековната година до 44,8 милиони во 2018-та година, а до 2019-та – до 45,2 милиони. Во исто време, бројот на невработени ќе се намали од 2,5 милиони во 2017-та година на 2,4 милиони во 2018-та година и 2,2 милиони во 2019-та година.

Во исто време, претерано критикуваниот вишок од САД и од други земји ќе продолжи да расте. Во моментов изнесува 252 милијарди евра. Во наредните две години тој ќе скокне од околу 265 милијарди евра во 2018-та година до 278 милијарди евра во 2019-та година. Но уделот кон бруто домашниот производ ќе остане стабилен. Овој индикатор е 7,7 отсто во тековната година, во 2018-та и 2019-та година треба да изнесува 7,8 отсто, според „Ifo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП