7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEвтината тарифа на струјата останува

Eвтината тарифа на струјата останува

Во врска со информациите дека со предлог-законот за енергетика евтината тарифа за граѓаните ќе биде укината, Министерството за економија како предлагач на законот ја информира јавноста дека со новото законско решение нема да се укине евтината тарифа туку таа е гарантирана како минимум услов во процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија. Оттаму додаваат дека формата ќе зависи од понудата на снабдувачот кој граѓаните ќе го изберат на слободниот пазар.

„Со либерализацијата на пазарот се зголемува конкурентноста и квалитетот на услугите, а европската пракса покажа дека кога има конкуренција на пазарот се нудат и дополнителни поволности за граѓаните од страна на снабдувачите. За крајна заштита на граѓаните со новиот предлог-закон за енергетика ќе биде воведен и т.н. универзален снабдувач, кој ќе треба по најниски цени да обезбеди квалитетна услуга на корисниците вклучувајќи ја и евтината тарифа“, информираат од министерството.

Оттаму уверуваат дека новиот предлог-закон за енергетика нуди европски решенија во интерес на граѓаните со цел сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП