16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОслободување од товарот на персоналниот данок за повеќе од 100 илјади земјоделци

Ослободување од товарот на персоналниот данок за повеќе од 100 илјади земјоделци

Сите земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и ќе имаат приход до 1 милион денари во тековната година, персоналниот данок кој во текот на годината им се задржува, на крајот ќе им биде во целост вратен, соопшти министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Со тоа, додаде тој, досегашното ослободување до 300 илјади денари приход ќе се претвори во поврат за земјоделците со основнаа дејност што имаат приход до милион денари.

„Тоа значи дека повеќе од 100 илјади земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок. Со оваа мерка, околу 7 милиони евра повеќе пари ќе останат кај земјоделците. Од државата се пренасочуваат кон граѓаните-земјоделци. Повратот значи ослободување, оти на крај на година земјоделците ќе добијат пари што ќе се вратат кај нив“, рече министерот.

Дополнително, додаде тој, со новите измени ги ослободуваме земјоделците од административните трошоци, односно ќе бидат ослободени од обврската да поднесуваат даночни пријави. Тоа во нивно име ќе го сторат откупувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП