7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев: Ги разгледуваме можностите за трајно и системско решение на проблемите во...

Заев: Ги разгледуваме можностите за трајно и системско решение на проблемите во Македонски железници

Низ заемен дијалог меѓу Владата, синдикалните организации и менаџментот на „Македонски железници“ ќе се разгледуваат можностите и ќе се носат одлуки за трајно и системско решение на проблемите во „Македонски железници“, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба со претствниците на Синдикалната организација на вработените на подружница влеча на возови во МЖ Транспорт, предводени од претседателот на синдикатот, Ѓоко Илиевски.

На средбата се разговараше за наталожените проблеми со кои се соочува ова претпријатие, за условите за работа во кои работат работниците, како и за новите перспективи кои се отвораат за железничкиот сообраќај во Република Македонија со зголемениот интерес за изградба и комплетирање на коридорите 8 и 10.

Во таа насока, премиерот Заев посочи дека Владата на Република Македонија има системска определба во изнаоѓање трајно решение на проблемите во „Македонски железници“. Тој оцени дека изнаоѓање решение е важно од причини што се отвораат економските перспективи за железничкиот сообраќај со комплетирањето на Коридорите 8 и 10, со што се отвораат можности Македонија да стане транспортен јазол на Балканот и во железничкиот и во патниот сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП