25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите 0,1% од луѓето го зголемија богатството колку она што е на...

Најбогатите 0,1% од луѓето го зголемија богатството колку она што е на најсиромашните 50%

Најбогатите 0,1% од населението во светот  го зголеми општото богатство речиси колку и најсиромашните 50% од 1980-та година.

Ова го покажува актуелениот извештај за нееднаквоста во светот на францускиот економист Тома Пикети, подготвен во соработка со организацијата „The World Wealth and Income Databasе“. Тоа значи дека богатството на околу 7 милиони лица порасна колку она што е на најсиромашните 3,8 милијарди лица во последните над 35 години.

Од истражување станува јасно дека неусогласеноста меѓу најсиромашните и најбогатите во светот се зголемило до „екстремни нивоа“ во некои земји, а овој тренд ќе се задржи ако владите не преземаат заеднички активности за зголемување на даноците и борбата со нивното криење, посочува британскиот весник „Guardian“.

Според податоците собрани од над 100 истражувачи, најбогатите 1% од луѓето имаат 27% од порастот на светското богатство за периодот од 1980-та година до 2016-та година. Најбогатите се збогатиле дури и повеќе. Најбогатите 0,1% од луѓето поседуваат 13% од светското богатство, а првите 0,001% – или околу 76.000 лица, вкупно поседуваат 4% од новото богатство, натрупано од 1980-та година.

Сепак за луѓето меѓу групата на најбогатите и најсиромашните се забележува уште еден тренд.

„Спротивно на тоа, растот на приходите е несмасен или дури нула кај населението меѓу долните 50% и горните 1%“, се вели во извештајот.

Истражувачите велат дека најекстремна е нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните во Русија и САД.

Најбогатите 1% од Американците поседуваат 39% од богатството на земјата во 2014-та година – речиси двојно зголемување од 22% во 1980-та година. Според авторите на извештајот, тоа се должи најмногу на зголемените средства на најбогатите 0,1% .

Во извештајот се наведува дека иако нееднаквоста е значителна во Северна Америка и Европа, таа е уште понагласена во Африка, Бразил и Блискиот Исток, каде што „останува релативно стабилно со екстремно високи вредности во последните децении“.

Во Бразил и суб-сахарска Африка најбогатите 10% добиваат цели 55% од приходите. На Блискиот Исток пак тој процент е над 60% од луѓето со поголем удел од богатството.

Авторите предупредуваат дека јазот меѓу богатите и сиромашните ќе продолжи да расте, освен ако не бидат преземени координирани политички активности на глобално ниво. Според нив, ако не бидат преземени мерки, до 2050-та година најбогатите 1% од луѓето ќе поседуваат над 24% од светското богатство. Ако тоа се случи, најсиромашните 50% веќе ќе држат помалку од 9% од целото богатство.

Позитивната вест е дека трендот може да биде свртен, ако се воведе прогресивен данок на доход. Според авторите сепак даноците сами по себе не можат да го решат проблемот, бидејќи најбогатите имаат и најдобри можности за даночно олеснување. Според податоците од една десетина од вкупното светско богатство се чува во даночни засолништа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП