
Инспекциските служби на општина Ѓорче Петров најавија дека ќе вршат зачестени контроли и санкционирање на прекршителите, согласно со законската регулатива откако во изминатите денови било забележано депонирање и палење отпад во депонијата во Ново Село – кај пречистителната станица, без овластување од страна на општината.

