3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го носи најголемиот дел од санкциите против Русија

Германија го носи најголемиот дел од санкциите против Русија

Според новата студија, германската економија доживеала најголеми загуби од извоз меѓу западните земји поради санкциите против Русија. Тоа го објави германскиот весник „Rheinische Post“, цитирајќи го сè уште необјавено истражување на Институтот за светската економија во Кил (IfW).

„На Германија отпаѓаат речиси 40% од загубената трговија на Западот, додека други големи геополитички играчи, како Велика Британија (7,9%), Франција (4,1%) и САД (0,6%), се далеку помалку погодени“, се вели во студијата.

Според пресметките на Институтот во Кил германскиот извоз е во просек околу 727 милиони долари (618 милиони евра) месечно помал од извозот во сценарио без санкции.

Според пресметките на „IfW“ вкупните трошоци на наметнатите санкции на Русија во 2014-та година само во 2015-та година изнесува 114 милијарди долари (97 милијарди евра). Од износот 61% отпаѓаат на руските компании. Извозната загуба од санкционирањето на западните земји изнесува 44 милијарди долари (37,5 милијарди евра), од кои 90 отсто се за сметка на земјите од ЕУ.

ЕУ воведе различни санкции против Русија по анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014-та година. Во прилог на санкциите против поединци и организации се наметнати и такви против различни сектори од руската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП