3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој најмногу увезува, а кој извезува во регионот (инфографик)

Кој најмногу увезува, а кој извезува во регионот (инфографик)

Земјите во потесниот регион, односно од поранешна Југославија (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора и нашата земја) во 2015 година увезле стока во вредност од 77,6 милијарди евра, а извезле во вредност од 57,5 милијарди.

Покриеноста на увозот со извозот изнесувала 74 проценти, односно регионот севкупно имал дефицит од 20,1 милијарди евра во надворешно-трговската размена.

Сепак доколку ги погледнеме земјите одделно, ќе забележиме големи разлики во надворешно-трговската размена со странство.

Словенија е единствената земја во регионот која имала суфицит во надворешно трговската размена со странство, и тоа во износ од приближно 800 милиони евра. Нејзината покриеност на увозот со извозот изнесувала 103,4 проценти. Словенија исто така најмногу извезува, но и увезува, во споредба со остатокот од регионот.

Доколку ги погледнеме останатите земји ќе видиме дека Србија ја има втората најдобра покриеност на увозот со извозот, од 73,6 проценти, на трето место е нашата земја, која со пораст на извозот во последните неколку години дојде до покриеност на извозот од 67,1 проценти, потоа Хрватска со 62,5 проценти, Босна и Херцеговина со 55,5 проценти. Најголем дефицит во надворешно-трговската размена имаат Црна Гора и Косово кај кои увозот повеќекратно ја надминува вредноста на извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП