ЕКОНОМИЈА

Дали се ближи краjот на доларот како најважна светска валута?

Деновите на доларот како најважна светска валута се одбројани, вели професорот по економија од Беркли, а пренесува Раша тудеј.

Валутите наскоро ќе функционираат на еднакви нивоа на меѓународните пазари, а американскиот долар ќе биде присилен да ја дели таа „истакната“ улога со кинескиот јуан и еврото, вели експертот за светски валути Бари Ајхенгрен.

Според неговите зборови, претходно економистите и банкарите влијаеа на ставот дека може да постои само една доминантна валута и една резервна.

„Во периодот меѓу двете војни, изгледа дека тоа беа фунтата и доларот, кои се менуваа на таа позиција, во зависност од годината“. Исто така, се наведува примерот дека франкот и германската марка пред Првата светска војна биле меѓународно значајни.

Од оваа точка на гледиште, како што смета тој, тоа му овозможило на доларот да се приближи и да гради свој монопол и да важи за најважна валута.

Како што истакнува, крајот на доминантната позиција на доларот ќе се случи „порано, а не подоцна“ и додава дека потезите на Доналд Трамп многу ќе влијаат на тоа. Тој во својата нова книга за валутите наведува и анализи од експерти кои тврдат дека кинескиот јуан ќе биде на таа позиција. Ајхенгрен сепак е поблизок до ставот дека е полесно сите валути да имаат сличен статус.

„Тоа ви е слично како на пример, трансформацијата на оперативниот систем – на крајот не мораат сите да користат Windows“, изјави тој.