28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо утре ќе преовладува променливо облачно време со појава на магла

До утре ќе преовладува променливо облачно време со појава на магла

До петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а сè уште ќе има и појава на магла по одделни котлини.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла. Особено густа магла ќе има во скпоската котлина. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, кој во северозападните подрачја, особено на планините повремено ќе се засилува.

Максималната температура во земјава се очекува да достигне од 6 до 15 степени.

Во Скопје, претежно магливо и тивко. Највисоката температура ќе достигне до околу 6 степени.

Под влијание на нов влажен бран в сабота и ноќта кон неделата ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а в недела врнежи од снег може да има и на некои повисоки места. В сабота ќе дува засилен јужен ветер, а од недела под влијание на северно воздушно струење температурите ќе бидат во опаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП