2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоддржан влезот на Бугарија и Романија во шенген-зоната

Поддржан влезот на Бугарија и Романија во шенген-зоната

Мнозинството парламентарни групи во Европскиот парламент ја поддржаа резолуцијата со која се бара Бугарија и Романија да станат членки на шенген-зоната.

Против таквиот став беа само парламентарните групи на Европските реформисти и конзервативци (ЕРЦ) и Европа на слободата и директната демократија (ЕФД2).

Другите групи оценија дека Бугарија и Романија ги исполниле условите и оти Советот на ЕУ треба да донесе одлука тие да се присоединат кон шенген-зоната. Тие сметаат дека Хрватска исто така треба да стане членка на зоната на шенгенот веднаш штом ќе биде подготвена за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП