7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХуманитарен настан „Живот без пречки, тоалет за секого“

Хуманитарен настан „Живот без пречки, тоалет за секого“

Хуманитарен настан под мотото „Живот без пречки, тоалет за секого“, ќе биде организиран денеска во ресторанот „Александрија“ во Скопје, со почеток во 18 часот. Организаторите посочуваат дека целта на настанот е да се поттикне свеста и да се оспособат објектите низ Македонија со тоалети за хендикепирани лица, за тие да можат да посетуваат настани и да водат активен социјален живот.

„Хендикепираните лица секојдневно се соочуват со бизарен, но огромен проблем. Лицата во инвалидска количка не може да се социјализираат и да излегуваат во угостителски објекти, а немаат ни оспособени тоалети по голем број институции, како и концертни сали и места на одржување на концерти и фестивали. Ова за нив преставува голема пречка во секојдневниот живот, иако во сите европски држави по пропис во секој локал и институција постои ваков тоалет. Преку настанот, решивме да покренеме иницијатива и да ја кренеме свеста- да поттикнеме што повеќе институции и угостителски објекти за изградба на вакви тоалети. Средствата се минимални, а исходот е максимален“, велат организаторите.

Посочуваат дека кога лице во инвалидска количка ќе седне на кафе или пијалок во центарот на Скопје, за во тоалет мора да оди до поголемите трговски центри, бидејќи само таму има пристапност за инвалиди.
„Младите хендикепирани луѓе, не можат да излезат во диско, кафуле, на концерт, на дружба во парк само поради тоа што во 21 век се уште нема тоалети приспособени за инвалиди. Затоа и се прави оваа иницијатива- да се покрене свеста и кај надлежните,општините и власта“ велат организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП