27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите на вработените ќе бидат доведени во прашање доколку продолжи блокадата на...

Платите на вработените ќе бидат доведени во прашање доколку продолжи блокадата на „Железници“

Најдоцна до утре ќе бидат обезбедени дел од потребните финансиски средства за покривање на загубите за патнички сообраќај во „МЖ Транспорт“, во насока на надминување на целокупната состојба.

Ваков е заклучокот од средбата што ја оствариле вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, со менаџерскиот тим на „МЖ Транспорт„ и претставници на штрајкувачкиот одбор.

На средбата се разговарало за актуелната состојба во која се наоѓа претпријатието и деблокада на железничкиот систем во Република Македонија.

Министерството за транспорт апелира до менаџерскиот тим и синдикалните организации да изнајдат решенија во најбрз можен рок за да се овозможи непречено одвивање на железничкиот сообраќај.

„Министерството за транспорт и врски во рамките на своите надлежности и понатаму ќе продолжи со исплата на средства на име на трансфери и субвенции кон ‘Железница’, но потребно е да се создадат услови за нормално функционирање на железничкиот систем“, велат од надлежното министерство и додаваат дека во случај на продолжување на блокада на железничкиот сообраќај ќе се доведе во прашање исплатата на заостанатите плати за сите вработени во железничките претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП