3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКолку месеци или години треба да останете на едно работно место?

Колку месеци или години треба да останете на едно работно место?

Многумина се прашуваат кое е оптималното време кое треба да го поминете во иста компанија, а одговорите на Quor ги претстави Мајкл О.Чрч.

Како што пренесува Mashable, според нив, се се врти околу бројките 8,18,48 и 72 а во својата објава понатаму објаснуваат:

8 месеци

„Ако на работното место бидете пократко од осум месеци, тоа би можело негативно да влијае на вашето CV бидејќи во иднина работодавците би можеле да се посомневаат дека не сте го поминале шестмесечниот пробен период“.

18 месеци

„18 месеци е социјално прифатлив минимум за останување на едно работно место. Тоа значи дека сте повеќе од една година во компанијата и дека работодавецот се запознал со вашите квалитети, па врз основа на нив одлучил да ве задржи во компанијата“.

48 месеци (4 години)

„Овој период ќе ви овозможи релативна сигурност во компанијата. Ако низ четири години сте постигнале добри резултати или евентуално сте напредувале, во добра форма сте. Ако сепак не сте напредувале, а проектите ви стојат на исто ниво, имате уште две години да се придвижите“.

72 месеци (6 години)

„Ова е период во кој напредокот веќе ќе започне да се чувствува. Четиригодишното останување во една компанијата значи дека добро сте ја сработиле работата, но доколку не напредувате по тој период, односно до шест години, тоа говори дека не сте амбициозни.

Ако напредувате, не постои горна граница колку долго би можеле да останете во истата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП