26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата останува и без Светска банка

Нафтата останува и без Светска банка

Светска банка одлучи од 2019 година да престане да ги финансира проектите за барање и ископување на нафта.

Оваа одлука е образложена со желбата светот повеќе да се заврти кон обновливите извори на енергија. Покрај нафтата, на црната енергетска листа на Светска банка од 2019 година ќе се најде и гасот. Единствен исклучок ќе бидат гасните проекти во сиромашните држави, се нагласува во одлуката на Светска банка.

Ненадејната одлука на Светска банка е соопштена во текот на Климатскиот самит во Париз.

Да се потсетиме, неодамна и најбогатиот инвестициски фонд на светот соопшти дека се повлекува од нафтената индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП