ЕКОНОМИЈА

За настраданите во поплавите во Албанија сто илјади евра помош од Македонија

Владата вчера на седница донесе одлука да одвои 6 милиони денари или 100.000 евра финансиска помош за настраданите граѓани во Албанија во поплавите што се случија минатиот месец.

На претходната седница Владата донесе одлука да ѝ испрати хуманитарна помош на Албанија.

Во поплавите загина едно лице, а илјадници куќи беа уништени. Под вода беа десетина илјади хектари земјоделско земјиште.