20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИInditex продава 16 продавници на Zara поради зголемена онлајн продажба

Inditex продава 16 продавници на Zara поради зголемена онлајн продажба

„Inditex SA“, најголемиот трговец на облека во светот, бара купувач за 16 продавницата на „Zara“ на Пиринејскиот Полуостров, каде се повеќе почнува да просперира онлајн шопингот, пишува „Bloomberg“.

„Inditex“, која е сопственост на четвртиот најбогат човек во светот – Амантио Ортега, сака 400 милиони евра (472 милиони долари) за продавниците по склучувањето на 20-годишен договор за продажба и изнајмување, што ќе му даде на купувачот право да ги ослободи имотите по пет години, пишува „Bloomberg“.

Четиринаесет продавници се во Шпанија, а две се во Португалија, вели изворот кој побарал да биде анонимен.

Официјален претставник на „Inditex“ ја потврдува потенцијалната продажба и вели дека е дел од стратегијата за хомогенизирање на лизинг плановите. Речиси сите продавници работат преку наемнини, рече официјалното лице.

Претставникот на компанијата, сепак, не ја потврдува трансакциската цена.

„Inditex“, чии приходи од 11,7 милијарди евра во првото полугодие, исто така постигнува зголемување на продажбата преку интернет, се залага дека Шпанија ќе се израмни со остатокот од Европа во онлајн купувања. Минатата година, 3% од продажбата на мало во Шпанија беа направени преку интернет, во споредба со 8% во Европа и 15% во Велика Британија, според „Aberdeen Standard Investments“.

„Иако Шпанија има најниско ниво на продажба на интернет, се очекува земјата да регистрира највисока стапка на раст во наредните години, бидејќи културните ставови кон онлајн шопингот се менуваат“, коментира Ендрју Ален, глобален директор за инвестициони студии во „Aberdeen Standard Investments“.

„Го проценуваме годишниот раст на купувањата на Интернет за 18% до 2021-ва година за Шпанија, во просек од 12% за Европа како целина“, рече Алан.

Меѓу продавниците што се нудат за продажба се исто така и за женската облека „Zara“ во „Calle Preciados“, најскапата улица во Мадрид според цените за изнајмување.

„Inditex“ е основана во 1963-та година како семеен бизнис кој овозможува достапна облека за жени и сега има повеќе од 7.000 продавници во 94 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП