4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEasyJet: Нови правила за патниците

EasyJet: Нови правила за патниците

easyjet1

Патниците на летовите со „EasyJet“ кои ќе сакаат со себе да понесат рачен багаж во текот на ова лето, ќе мора да го спакуваат правилно бидејќи од 2 јули на сила ќе стапи ново правило за рачниот багаж.

Така, поради недостаток на простор за складирање, за 37 проценти ќе биде намалена количината на дозволениот рачен багаж, соопштија од оваа компанија.

За да им биде дозволено со себе да понесат рачен багаж, патниците ќе мора да се придржуваат до новите мерки: само багажот кој одговара на мерките 50 х 40 см, вклучувајќи и 20 см за тркалата, џебовите и рачките, ќе можат да бидат сместени во кабината.

Во соопштението се наведува дека на веб-сајтот на компанијата пишува:

Новите мерки кои ќе бидат применети се една гаранција за патниците дека тие ќе можат да понесат рачен багаж. Ние сметаме дека новите мерки се фер и транспарентни, тие се донесени по нашето сериозно истражување и консултацијата со патниците.

Тоа е релативно мала промена, но беше неопходно да се намали величината на прифатливите торби за рачниот багаж, со цел на сите патници да им биде дадена можност да понесат рачен багаж, досега ова за некои патници беше проблем бидејќи патникот на соседното седиште со себе понел премногу голем рачен багаж и во авионот немаше место за багажот на сите патници. Со оваа мерка ние на сите наши патници ќе им ја зголемиме удобноста и ќе им овозможиме подеднакво користење на услугите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП