Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав денес ја продолжи годинашната седма редовна седница.
На седницата членовите на Надзорниот одбор дискутираа за неревидираниот тромесечен извештај за работењето на Заваровалница Триглав и на Групацијата Триглав за периодот од 01.01.2013 до 31.03.2013 година, кој во целост е објавен на Сеонет и на интернет страницата www.triglav.eu.
Надзорниот одбор дискутираше за извештајот за статусот на склучените договори со ИФЦ, членка на групацијата на Светска банка, кој по предлогот на Управата го објавуваме во целост:
“Во согласност со одлуката на Надзорниот одбор од 26.04.2013, известуваме дека согласно одредбите на договорот склучен на крај на март 2012-та година, помеѓу Заваровалница Триглав д.д. и Триглав ИНТ д.д., со ИФЦ, членка на групацијата на Светска банка (во продолжение ИФЦ) и особено имајќи го во предвид фактот дека ИФЦ не изврши упис и уплата на акциите на Триглав ИНТ д.д. во рокот предвиден со договорот, односно до 31.12.2012, при што тој рок не беше договорно продолжен, Заваровалница Триглав д.д. и Триглав ИНТ д.д. го повикаа ИФЦ без одложување да ги исполни сите услови за упис и да ги спроведе сите потребни активности кои ќе обезбедат што побрз упис на акциите на Триглав ИНТ д.д.
Врз основа на заклучокот за проценката на резултатите од работењето на Триглав ИНТ д.д. и нејзините зависни друштва во 2012-та година, која моментално ја спроведува ИФЦ, во смисол на утврдување на исполнување на условите за упис и уплата на акциите по споменатите договори, договорните страни ќе ги усогласат натамошните активности потребни за евентуален упис и уплата на акции на Триглав ИНТ д.д., или за прекинување на склучените договори. Известувањето со таква содржина е објавено и во кварталиот извештај на Заваровалница Триглав д.д. како објава за случувањата по датумот на билансната состојба.”
Надзорниот одбор се согласи со одлуката, зависното друштво на Заваровалница Триглав, Триглав ИНТ, со цел обезбедување на потребната адекватност на капиталот да изврши докапитализација на друштвото Триглав Осигурање Београд, во висина од 4,7 милиони евра.
Надзорниот одбор го назначи Антон Маролт за надворешен член на Комисијата за назначувања и примање на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав.
Во рамките на проширениот дневен ред Надзорниот одбор расправаше и за отповикувањето на Управата на Заваровалница Тргилав и ја усвои следната одлука:
Надзорниот одбор на 22.05.2013 го отповика Матјаж Раковец од функцијата Претседател на Управата на Заваровалница Триглав д.д. поради причина од четвртата алинеа на вториот став 268 на членот ЗГД-1, односно од деловно-економски причини. За привремен Претседател на Управата на Заваровалница Триглав Надзорниот одбор од 22.05.2013 го назначи сегашниот член на Управата, Андреј Слапар, чиј мандат трае до назначувањето на новиот Претседател на Управата на Заваровалница Триглав д.д., односно до истекот на неговиот мандат како член на Управата.