3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинале Лига на шампиони со Мах ТВ на плоштад Македонија

Финале Лига на шампиони со Мах ТВ на плоштад Македонија

Dortmund-vs-Bayern-chl-final

За сите љубители на фудбалот Мах ТВ  организира гледање на отворено на големото финале од Лига на шампиони на плоштадот Македонија во Скопје в сабота во 20:45 часот.

– На финалниот натпревар од УЕФА Лигата на Шампионите, ќе се сретнат двата германски гиганти – Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Освен кристално чистата слика на големиот екран на плоштадот Македонија, МахТВ ќе се погрижи за весела и навивачката фудбалска атмосфера, дополнета со реквизити за бодрење на омилениот фудбалски тим. МахТВ заедно со партнерите на УЕФА, Хеинекен, ХТЦ и Форд организира и изненадувања кои ќе ја надополнат адреналинската возбуда, се вели во соопштението од Македонски телеком.

МахТВ им овозможи на двајца фанови на МахТВ Facebook страницата, преку конкурсот Мах ТВ репортери, оваа сабота да бидат дел од големото финале и во живо од стадионот Вембли во Лондон да го проследат натпреварот и да го споделат своето доживување со присутните на плоштадот Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП