28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААХВ: Во земјата нема небезбедно млеко и млечни производи

АХВ: Во земјата нема небезбедно млеко и млечни производи

На македонскиот пазар нема пласирани небезбедни количини млеко и над 600 млечни производи на компанијата „Лакталис“ за кои француската влада соопштила дека се повлекуваат од продажба поради стравување оти постои опасност тие да се заразени со салмонела, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од почетокот на годинава досега од „Лакталис“ во Република Македонија увезени се 103,4 тони млеко и млечни производи од нивни објекти во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, како и од соседна Србија и од Германија. Од објектите на оваа компанија во Франција годинава увезени биле само 2,4 тони млечен производ топено сирење.

Производите од оваа компанија, како и од другите производители што се увезуваат во земјата, се контролираат од страна на официјалните ветеринари на Агенцијата при увоз, при истовар и во прометот. Во ноември годинава земени и испитани беа мостри од сирење од овој производител од објектот во Република Србија и тие беа негативни, односно во нив не е утврдено присуство на салмонела.

Инспекциските служби на Агенцијата во моментот вршат контрола кај компанијата што ги увезува овие производи во Република Македонија. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба, навреме ќе реагира со преземање соодветни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП