
Регионалниот центар за управување со кризи извести дека утре, 12 декември, без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски населби.


Регионалниот центар за управување со кризи извести дека утре, 12 декември, без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски населби.
Во периодот од 8:30 до 10 часот без струја ќе останат корисниците од бул. Македонска косовска бригада лоцирани кај објектот на Пекабеско, како и корисниците од бул. Македонска косовска бригада – подулица 44.
Во периодот од 9 до 11 часот дел од корисниците од ул. Македонија – објектот на Макошпед и делот кај „Мекиците на Стража“, како и дел од корисниците од ул. Димитрие Чупоски – кај бурекчилницата „Рекорд“.
Во периодот од 9 до 14 часот корисниците од селата Мирковци, Кучевиште, Малино, Брст, Танушевци, Побожје и Бродец.
Во периодот од 9.00 до 15.00 часот корисниците од ул. 22 лоцирани позади „Жито маркет“, делот околу поштата и делот околу општина Петровец и во периодот од 10 до 12 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев – подулици бр.16а и бр.25.