4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел ја отвори експресната железничка линија Минхен-Берлин - Проект вреден 10 милијарди...

Меркел ја отвори експресната железничка линија Минхен-Берлин – Проект вреден 10 милијарди евра (видео)

И покрај фактот што германската влада e во напната транзиција по изборите, канцеларката Ангела Меркел најде време да учествува во промоцијата на важната железничка врска меѓу Минхен и Берлин на која ќе сообраќаат возови со големи брзини. Проектот чија реализација траеше две децении чини околу десет милијарди евра.

Како дел од промоцијата, Меркел се качи на еден од возовите на претпоследната неговата станица, а потоа канцеларката слезе на главната железничка станица во Берлин.

Потоа се обрати пред присутната публика опишувајќи го проектот за воспоставување на брза железничка линија како „достигнување кое го одзема здивот“.

Според канцеларката, новата експресна врска обезбедува „неверојатно високи можности преку кои може да се спореди дури и со воздушниот сообраќај“.

Шефот на „Дојче бан“, најголемата железничка компанија во Германија, Ричард Луц, нагласи дека овој проект „отвора ново поглавје во историјата на германската железница”.

Брзите возови, на линијата долга 623 километри, би требало да го намалат времето на патување за една третина, односно од 6 на 4 часа и двојно да го зголемат бројот на патници меѓу јужната и северната германска метропола. „Дојче бан“ очекува околу 3,6 милиони патници секоја година.

Инаку, реализацијата на овој проект трае долго време. Првпат планот го постави германската влада во 1991 година, по обединувањето на Источна и Западна Германија.

Отворањето на брзата линија беше одбележано со свечени манифестации и во двата града.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП