30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе продлабочува соработката меѓу Скопје и Тирана

Се продлабочува соработката меѓу Скопје и Тирана

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по средбата со неговиот домаќин во Тирана, Ерион Велијај, оцени дека започнува ера на продлабочување на соработката меѓу двата главни града на Македонија и Албанија.

Како што информираат од кабинетот на градоначалникот на Тирана, Велијај и Шилегов разговарале за можностите за воведување на повеќе олеснувања за граѓаните на двете страни од границата.

На средбата било оценето дека една година по потпишувањето на меморандумот за збратимување на Тирана и Скопје, сега со новата политичка клима на раководствата на двете Влади постојат огромни можности за плодна билатералната соработка и на двата главни града.

„Верувам дека одредени проекти кои се реализираат во Скопје и Тирана можат да бидат добар начин на размена на искуства кои градовите ќе ги прифатат во интерес на граѓаните“, изјави градоначалникот на Скопје по средбата со тиранскиот градоначалник.

Велилај, пак, нагласил дека премиерите на Албанија и Македонија, отвориле ново поглавје за соработка помеѓу двете земји, а таквата позитивна клима треба да ја искористат и главните градови на двете држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП