
На свеченоста во Собранието, вчера во чест на празникот беше врачена наградата „Св. Климент Охридски“.


На свеченоста во Собранието, вчера во чест на празникот беше врачена наградата „Св. Климент Охридски“.
Во областа на воспитанието и образованието наградата ја добија професорот и писател Венко Андоновски и историчарот Наим Алими, додека во областа на културата и уметноста наградата годинава им беше доделена на музичкиот уметник Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и на филмологот Илинденка Петрушева.
Од името на добитниците се обрати проф.д-р Венко Андоновски, кој рече дека наградата е незамислива ако не каже дека е посветена на Филолошкиот факултет каде е одржано првото предавање со кое е почнат универзитетот и универзитетскиот живот во Република Македонија на тема „Словенски просветители“.
„Без филм, филмска критика и филмологија, без драма, театар, проза, без музика, без историја нема стварност. Свети Климент е ученик и учител. Сите ние сме учеле од некого, значи сме биле ученици, а сме и учители“, рече Андоновски.
Одлуката ја донесе Организацискиот одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик Владо Камбовски.
Инаку,„Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.