18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот фонд на Норвешка ја направи првата инвестиција во имот во Азија

Државниот фонд на Норвешка ја направи првата инвестиција во имот во Азија

Државниот инвестициски фонд на Норвешка ја направи првата инвестиција во имот во Азија, така што го купи мнозинскиот удел од пет згради во Токио за вкупно 92,75 милијарди јени (699 милиони евра).

Зделката е остварена со заедничко вложување со нов партнер – „Tokyu Land Corporation“. „Tokyu Land Corporation“ ќе се здобие со преостанатиот удел и ќе управува со имотот во име на заедничкото вложување.

Портфолиото со имот се состои од 12 300 м2 трговски и деловен простор и се проценува на 132,5 милијарди јени. Продавач на имотите е „Veloqx Group“.

Претпријатието планира да финансира 49% од купувањето со банкарски заем.

Карстен Калевиг, извршен директор на норвешкиот фонд, коментира дека ова е прва инвестиција на институцијата во недвижен имот во Азија. „Тоа е во согласност со нашата стратегија за изградба на висококвалитетено глобално портфолио“, додава тој.

„Задоволни сме да се приклучиме кон солиден и искусен партнер како „Tokyu Land Corporation“, чиј фокус ги става во добра позиција да управуваат со портфолиото“, вели тој.

Норвешкиот државен инвестициски фонд ги зајакна инвестициите во имот од 2010-та година, така што започна од Европа и ја прошири активноста и во САД. Уште пред минатата година од Фондот велат дека имаат намера да влезат и на азиските пазари.

Стратегијата за развој во Азија е иста како на останатите пазари – со фокус на првокласни активи на водечки локации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП