6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави падот на деловните активности во еврозоната

Забави падот на деловните активности во еврозоната

eu111111

Падот на деловните активности во приватниот сектор во еврозоната во мај забави, иако рецесија се продлабочи, покажа истражувањето на истражувачката компанија Маркит.

Композитниот индекс на менаџерите за набавка, кој го пресметува Маркит, изнесува 47,7 поени овој месец и тој е највисок во последните три месеци, во споредба со 46,9 поени од април, иако и понатака е под границата од 50 поени која го дели растот од падот во активностите, пренесува агенцијата Франс прес.

Илјадници компании од еврозоната кои учествуваа во истражувањето во последните 20 месеци укажаа на пад на активностите во Европската монетарна унија.

„Втората рецесија во последните пет години во еврозоната влијаеше на ваквиот пад“, изјави главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон, напоменувајќи дека деловната активност во Германија стагнира, а во Франција остро се намалува, додека на периферијата од еврозоната се забележуваат некои знаци на олабавување на рецесијата“, пренесуваат странските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП