ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемја во која не чувствувате дека работите

Земја во која не чувствувате дека работите

Најновото истражување објавено на порталот TotallyMoney се позанимава со прашањето која земја нуди најдобар баланс меѓу слободното и работното време, но и заработката и среќата.

Нивото на среќа е највисоко кај Данците кои дневно во просек на работа поминуваат 6,6 часа.

За Данска речиси секогаш се пишува во суперлативи. Очигледно дека тоа не е случајно, бидејќи земјата на северот од Европа речиси секој ја прогласува за иделано место за живот, па така сега е прогласена и за земја во која односот на работното и слободното време е најдобро во светот.

Швеѓаните кои се на второто место, исто така се прилично задоволни, а во просек неделно работат 3,5 часа повеќе од Данците, но годишно имаат и три празници повеќе.

Сепак, земјата во која работниците неделно најмалку време поминуваат на работа е Холандија. Таму работната недела трае само 30,3 часа, но Холанѓаните имаат само девет државни празници, што е вториот најмал број од сите земји вклучени во истражувањето.

Овде можете да ги погледнете комплетните резултати од истражувањето.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП