19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокнаа цените на маслото и шеќерот, млечните производи поевтини

Скокнаа цените на маслото и шеќерот, млечните производи поевтини

Светските цени на храната благо опаднаа во месец ноември во однос на претходниот месец, бидејќи падот на цената на млечните производи го неутрализираше драстично поскапиот шеќер и растителното масло.

Тоа го соопшти Организацијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО).

Ценовниот индекс на ФАО, кој ги мери месечните промени на цените во кошницата основни производи (житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер) за минатиот месец изнесува 175,8 поени, што е за 0,5 проценти помалку отколку во октомври, пренесува агенцијата Ројтерс.

Во однос на ноември 2016 година, цените на храната на меѓународните пазари минатиот месец биле за 2,3 проценти повисоки.

ФАО ја зголеми проценката за глобалното производство на житарки за 2017 година, на 2,62 милијарди тони, што е за 16,8 милиони тони повеќе во однос на минатогодишното ниво.

Тие исто така, ја зголемија и проценката за глобалното производство на пченица на 754,8 милиони тони, што сепак, е за 1,0 процент пониско во однос на производството од 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП