25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОАЕ и порачаа на ЕУ: Разочарани сме

ОАЕ и порачаа на ЕУ: Разочарани сме

Властите на ОАЕ изразија „изненадување и разочараност“ поради ставањето на ОАЕ на „црната листа“ на Европската унија заедно со уште 16 други земји.

Унијата ги обвинува за незаконско нудење на шема за избегнување на плаќањето на данок.

„Обединетите Арапски Емирати им се посветени на реформските процеси кои ќе бидат завршени до октомври 2019 година и апсолутно сме уверени дека тоа ќе обезбеди ОАЕ да бидат брзо отстранети од таа листа“, се наведува во соопштението на официјален Абу Даби, пренесува агенцијата АП.

ЕУ оваа недела ја објави „црната листа“ со даночни раеви, иако мерките против земјите кои се наоѓаат на неа допрва треба да бидат потврдени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП