2 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИКој е Горан Трајановски новиот оперативен директор на Македонски телеком

Кој е Горан Трајановски новиот оперативен директор на Македонски телеком

Магистер по индустриски менаџмент, дипломиран инженер по електроника и телекомуникации, искусен телекомуникациски  експерт со долгогодишно практично искуство во областа.

Основач на IP Home & Office. Во периодот од јануари 2014 до ноември 2015 работел на развивање на платформата “За Интернет на нештата” (апликации и веб сервиси), на дизајн на хардвер и имплементација на паметни системи за ефикасно управување со електричната инсталација во домовите и индустриските објекти.

Иницирал проектирање и развој на Business to Business  IOT решенија. Со IP Home & Office освои 4-то место на вториот интернационален натпревар Business Wall of fame според бројот на гласовите.

И досега бил дел од Македонски телеком, каде во период од 2003-2004 бил на позиција програмски директор, одговорен за реорганизација на компанијата.

Ја имплементирал програмата патот кон успехот, која опфаќала 3 стратешки и 5 функционални проекти. Исто така  предходно бил раководител на одделот за поправки во Македонски телеком, директно придонесувајќи кон зголемување на сервисите за поправки во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар