15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на ЕУ и еврозоната малку го забави растот во третиот квартал

Економијата на ЕУ и еврозоната малку го забави растот во третиот квартал

Економијата на Европската унија се зголеми за 0,6% во третиот квартал од 2017-та година на квартална основа, според сезонски прилагодените податоци на „Еуростат“. Бројките покажуваат дека економијата на ЕУ малку го забавува својот раст во споредба со вториот квартал од годината, кога најновите статистички податоци од статистичката агенција покажаа раст од 0,7%.

На годишна основа, бруто домашниот производ на ЕУ се зголеми за 2,6% во третиот квартал од годината. Споредено со минатата година, економијата сѐ уште бележи мало забрзување во споредба со претходниот квартал, кога годишниот раст изнесуваше 2,1%.

Слична е ситуацијата во однос на еврозоната. Економијата, исто така, забележа раст од 0,6% во квартал и 2,6% на годишно ниво. Во претходните три месеци, растот изнесуваше 0,7% во однос на првите три месеци од годината и 2,4% во однос на вториот квартал од 2016-та година.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, највисокиот раст на БДП-то во третиот квартал од 2017-та година на квартална основа беше забележан во Романија (2,6%), Малта (1,9%), Латвија (1,5%) и Полска (1,2%). Економијата се намали во Данска за 0,6% и во Литванија останува непроменета со 0,1%.

На годишна основа, Романија се рангира на прво место, со што нејзината економија се проширува со извонредни 8,6% помеѓу јуни и септември. Веднаш потоа Малта со раст од 7,7% и Латвија со 6,2%. Данска и Грција објавија најлошите резултати, со раст од 1,3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП