26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува акцијата за раззеленување на Скопје - нови 60 дрва засадени во...

Продолжува акцијата за раззеленување на Скопје – нови 60 дрва засадени во Карпош

Есенската акција за садење 615 дрвца на јавните површини на повеќе локации во градот Скопје, која започна во општина Аеродром, денеска се одвива во општина Карпош.

„Акцијата за раззеленување на Скопје продолжува. Во неа досега се засадени двесте садници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и во Чаир. Денеска продолжуваме со садење 60 дрвја во новиот парк спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Карпош. Со есенската акција предвидени се да се засадат 615 нови висококултивирани садници од типот: јавор, каталпа, липа, даб и јасен“, истакна претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Инаку, Градот Скопје планира напролет да ја продолжи акцијата за раззеленување на Скопје и да засади уште 4.000 висококвалитетни садници на точно утврдени локации, особено локации каде што во изминатиот период биле исечени или воопшто немало засадено нови дрвца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП