16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФиналната одлука за тоа кој ќе биде идниот сопственик на ФЕНИ ќе...

Финалната одлука за тоа кој ќе биде идниот сопственик на ФЕНИ ќе се носи во рамките на стечајната постапка

Банките излегоа со известување во врска со потенцијалните инвеститори за Фени Индустри:

“По периодот во кој беше побарано од потенцијалните инвеститори за Фени Индустри да достават свои понуди во вид на Меморандум, известуваме дека во овој момент Банките разговараат со потенцијални инвеститори, а со еден од нив се потпиша Меморандум за разбирање. Мегутоа, финалната одлука за тоа кој ќе биде идниот сосптвеник на ФЕНИ ќе се носи во рамките на стечајната постапка, согласно законските одредби. Обезбедените кредитори и останатите доверители заеднички треба да проценат кој план за реорганизација е најдобар за нив и за иднината на комбинатот. Нагласуваме дека интенцијата на потпишување на Меморандум со заинтересираните инвеститори не е замена за официјалната стечајна постапка, туку само легитимирање на сериозноста на потенцијалните инвеститори”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП