15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYouTube ќе вработи 10.000 луѓе кои ќе ги проверуваат објавените содржини

YouTube ќе вработи 10.000 луѓе кои ќе ги проверуваат објавените содржини

Околу 10.000 луѓе ќе ги надгледуваат содржините поставени на платформата YouTube во 2018 година.

Компанијата YouTube ги објави плановите за вработување на уште луѓе во текот на следната година за да може благовремено да се цензурираат несоодветните содржини објавени на платформата. Последниве неколку години YouTube е под постојан притисок од јавноста поради екстремни, насилни и вознемирувачки содржини кои се отстрануваат од мрежата дури откако публиката ќе ги забележи и пријави.

YouTube има развиено софтвер кој автоматски ги идентификува видеата поврзани со екстремизам, а сега се развива софтвер кој ќе може да препознае говор на омраза и несоодветни содржини за деца. Притоа оние корисници кои ќе објавуваат такви содржини нема да можат да ги наплаќаат прегледите.

„Нашата цел е да собереме тим од 10 илјади луѓе, кои би биле доволни за да ги санкционираат содржините што се во спротивност со нашата политика“, изјави извршната директорка на YouTube, Сузан Војицки.

„Мора да имаме целосен пристап за ефикасно вршење на работата и за брзо одлучување кои канали и клипови може да се рекламираат. Забелешките од корисниците се и во насока на тоа дека треба да бидеме уште попрецизни и попрегледни во однос на објавените содржини за да не цензурираме клипови по грешка“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП