7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССНМ и ЗНМ: Новинарите од локалните радија опфатени во законот за стечајци

ССНМ и ЗНМ: Новинарите од локалните радија опфатени во законот за стечајци

Самостојниот синдикат на новинарите (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го поздравуваат фактот што со последните измени на Законот за стечајците се опфаќаат новинарите од затворените локални јавни радиостаници кои добија статус на стечаен работник и со тоа право на месечен надоместок до пензионирање.

„Со тоа делумно се исправи една голема неправда со која се соочија нашите колеги кога преку ноќ се затворени десетици локални јавни радиостаници, а тие останаа без работа и плата“, велат од Здружението и од Синдикатот.

Министерството за труд и социјална политика ги уважи барањата на ССНМ и ЗНМ, чии претставници во август годинава се сретнаа со ресорниот министер Мила Царовска

На средбата претставниците на новинарските организации побараа новинарите стечајци од затворените локални радија да бидат опфатени со новиот Закон за стечајците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП