11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за безбедност на жените во јавните простори

Конференција за безбедност на жените во јавните простори

Во Скопје денеска и утре се одвива дводневна конференција „Право на градот за сите“, со фокус на безбедоста на жените и девојките на јавните простори. Конференцијата, која се одвива во рамките на 16 дена активизам против насилството врз жените, има цел да го отвори прашањето на насилството и безбедноста на жените и девојките на јавните простори.

Како што напомена Доминика Стојаноска, раководителката на канцеларијата на UN Women, насилството во јавните простори, посебно сексуалното вознемирување, е толерирано и перцепирано како нормален дел од социјалниот живот. Затоа е важно жените и девојките да бидат охрабрени и ослободени од ризикот и стравот од насилство и вознемирување, со цел да станат активни фактори во јавниот живот“.

На отворањето на конференцијата свое обраќање имаа и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и раководителката на канцеларијата на „ОН Хабитат“ во Косово, Гвендолин Менетри. Сите форми на насилство врз жените не се целосно законски регулирани во земјата.

„Ми претставува задоволство и чест да најавам дека Владата го усвои предлог-законот за ратификација на истанбулската конвенција, преку кој сите форми на насилство врз жените ќе бидат регулирани. Темата за безбедност на жените и девојките е ретко дискутирана, иако сите од нас кои сме жени се имаме соочено со страв при движење во темни улички“, рече Царовска.

Инклузивно, родово сензитивно планирање на урбаните простори и зголемената безбедност за жените и девојките е одговорност на централните и локалните власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП