20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо тек јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на...

Во тек јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека во тек е Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата, а од интерес на Градoт за следната година.

Повикот ќе трае до 18ти декември, а ќе може да се поднесат предлог-проекти за неколку области, и тоа, Поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување преку изведбени уметности, музички уметности, визуелни уметности и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културното наследство, меѓународна соработка и професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

На Јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за култура и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година.

На веб страната на Град Скопје, објавен е и Јавен повик за доделување средства за финансирање и поддршка на програмите на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје, на кој 8-те установи од областа на културата ќе можат да поднесат апликации за предлог проекти. Повикот ќе трае до 18.12.2017 година.

Повикот за финансирање на јавните установи од областа на културата заедно со пријавата може да се подигне на следниот линк:
http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=654

Дополнителни информации може да се добијат на следните телефонски броеви: 02/ 3297-323, 02/ 3297-324, 02/ 3297-289 и на мејл адресата [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП