19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени активностите во кинеската индустрија

Намалени активностите во кинеската индустрија

kina5

Активностите во кинескиот индустриски сектор во мај се намалија за прв пат по седум месеци, надоврзувајќи се на низата знаци која во последно време сигнализира слабост во закрепнувањето на втората по големина светска економија, објави банката HSBC.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) кој го изработува британскиот банкарски гигант, се намали во мај на 49,6 поени, од 50,4 поени колку што изнесуваше во април. Со тоа тој се намали под нивото од 50 поени, граница која го дели растот од падот на активностите.

Вредноста на индексот во мај е најниска од октомври минатата година, кога изнесуваше 49,5 поени.

Аналитичарите истакуваат дека таквите податоци се резултат од економските тешкотии во Кина но и во остатокот од светот.

„Ладењето на индустриските активности во мај ја одразува слабата домашна побарувачка и продолжувањето на неповолните трендови во странство“, заклучи Ку Хонгбин, економист на HSBC во Хонг Конг. Тој додава дека забавувањето претставува „ризик за кревкото закрепнување на економскиот раст“.

Владата би требала да овозможи поголема поддршка за слабите пазари, можеби преку мерки како што се субвенциите за стручна обука или даночното олеснување за работодавците, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП