2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Скопје најмногу се игра НовоЛото 7/34

Во Скопје најмногу се игра НовоЛото 7/34

lotolivce2-5000_2

Во Скопје најмногу се игра НовоЛото 7/34, покажува статистиката на Државната лотарија на Македонија. По Скопје следуваат Битола, Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци и Штип.

Од почетокот на оваа игра на среќа на Државна лотарија на Македонија извлечени се пет добитници на премијата 7-ка. Петтата премија е извлечена на 16 март, а ливчето е уплатено во Скопје. Претходните добитници, како што информираат од компанијата, се во 2010,2011 и 2012 година.

Првата 7-ка од почетокот на приредување на оваа игра на среќа од 23 април 2010 година падна на 10 мај 2011 година, а следните две паднаа за неполни пет месеци по првата. Првите три се уплатени во Битола, а четвртата во Свети Николе, која падна во јуни 2012 година.

Според Државна лотарија на Македонија 2011. година се покажа како  очигледно среќна и за македонските играчи на игрите на среќа и за приредувачот.

Покрај вредните премии 7-ка, досега играчите на НовоЛото 7/34 добија и други добивки, како што се две добивки НовоЛото Џокер од по 600.000,00 од кои едната во Делчево, втората во Скопје. Првата најголемата добивка на НовоЛото 7/34 за 6+1 изнесуваше вкупно 774.523,00 и за прв пат се постигна во 17тото коло, а согласно правилата во случај на две адекватни добивки, се подели на двајца добитници по  387.261,50 денари. Најголемата поединечна добивка за 6+1 дојде во 26тото коло со вкупна вредност од 415.432,00 денари.  Следната премија 6+1 вредна 187.787,50 денари, се случи на 16 март годинава.  Практично, посочуваат во соопштението, тоа коло беше рекордно по добивки, бидејќи донесе премија 7ка,  добивка 6+1 како и 24 6-ки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП