ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром со кампања против употребата на пиротехнички средства

Општина Аеродром со кампања против употребата на пиротехнички средства

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, денеска во ТЦ „Бисер“ ја отвори кампањата „Среќна и безбедна 2018 година“.

Станува збор за кампања против употребата на пиротехнички средства, што ја организираат Општина Аеродром, СВР Скопје и Црвениот крст на град Скопје.

На настанот беше изведена симулација, односно показна вежба, за давање помош при повреди предизвикани од злоупотреба на петарди, ракети и други видови пиротехнички средства, во која беа вклучени екипи на полицијата, Црвениот крст и ученици од три основни училишта во општина Аеродром: „Љубен Лапе“, „Ѓорѓија Пулевски“ и „Лазо Ангеловски“.

„Се надеваме дека оваа кампања ќе придонесе за намалување на употребата на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници и со тоа ќе се избегнат несаканите последици и ќе се зголеми безбедностa во општината“, изјави градоначалникот Марин.

Инаку, за оваа тема децата изработија творби во форма на графити и пораки, кои ќе бидат објавени на општинската страница на „Фејсбук“

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП