18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиртуелен состанок по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Виртуелен состанок по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со aмериканските катчиња во Македонија ќе организира виртуелен состанок со група експерти каде ќе се дискутираат креативни начини за борба против корупцијата.

Настанот, што ќе се оддржи денес, 5 декември, со почеток во 18 часот, е дел од активностите на Амбасадата на САД во Скопје, што имаат за цел да ја подигнат свеста за прашања поврзани со корупцијата, за ефектите на корупцијата врз демократските институции, како и за тоа колку е важно властите да бидат одговорни пред граѓаните.

Настанот во Американското катче во Скопје ќе го отвори амбасадорот на САД, Џес Бејли. Виртуелниот состанок ќе содржи 30-минутна презентација и панел дискусија, по што ќе следи сесија на прашања и одговори со учесниците во панел дискусијата. Се покануваат медиумите да го покријат настанот во сите пет Американски катчиња во Македонија: во Скопје, Тетово, Битола, Штип и во Струга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП