6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFashion Group започнува со онлајн продажба на своите брендови

Fashion Group започнува со онлајн продажба на своите брендови

Како најголема малопродажна групација на компании за текстил во регионот, која ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови, Fashion Group се стреми секогаш да внесе новитети и да обезбеди уникатно искуство за своите купувачи.

Во таа насока, страницата www.e-shop.fashiongroup.com.mk ќе биде виртуелна продавница во која се застапени речиси сите брендови на Fashion Group со својот целосен асортиман. Во оваа онлајн продавница купувачите ќе имаат можност едноставно, брзо и безбедно да ги купуваат своите омилени производи.

Живееме во време на огромна дигитализација, време во кое се менуваат купувачките навики, а секоја модерна компанија која ги следи потребите на своите потрошувачи тежнее кон прифаќање на новите трендови на работење. Голем дел од македонските купувачи се навикнати да купуваат онлајн и тоа најразлични видови на производи, но тоа е најчесто од странски веб страници, со што трошоците за испорака се големи.

Затоа тимот на Fashion Group Македонија, ја создаде оваа платформа како збогатување на постоечката онлајн понуда и како можност за купувачите да пазарат во било кое време и од било кое место, со тоа избегнувајќи “патување” до трговските центри, чекање редици и заштедувајќи време.

Виртуелната продавница на Fashion Group  е отворена 24/7, 365 денови во годината.  Таа е новата онлајн дестинација за сите љубители на модерното облекување. Ве очекуваме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП