19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНВО саем за волонтерство и активно граѓанство

НВО саем за волонтерство и активно граѓанство

На 6 декември (среда) во Младинскиот културен центар (МКД), по трет пат ќе се одржи Саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје. Работниот дел на саемот ќе почне во 11 часот со форумите за вмрежување на присутните здруженија/фондации, а во 13 часот ќе биде официјално отворен за посетители.

Оваа година НВО саемот ќе се одржи под мотото „Активно граѓанство = подобро општество“. На третиот НВО саем е предвидено свои презентации да имаат голем број здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат за бенефит на граѓаните на Скопје.

И оваа година учесниците за подобро вмрежување ќе имаат можност да ги презентираат своите активности пред јавноста и другите здруженија, да разменат искуства и да дадат сугестии за понатамошна соработка, а ќе бидат организирани и три тематски трибини. Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5 декември, Меѓународниот ден на волонтерството. Овој саем е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП