10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоддршка од Кина за имплементација на инфраструктурните проекти

Поддршка од Кина за имплементација на инфраструктурните проекти

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, имаше средба со амбасадорот на НР Кина во земјава, Јин Лисјен.

Димовски информирал за активностите на земјава на шестиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите на Централна и Источна Европа (Процес 16+1). Во тој контекст беа споменати инфраструктурните проекти презентирани од премиерот Зоран Заев на билатералната средба со кинескиот премиер Ли Кечјанг. Димовски информирал и за билатералните средби на премиерот Заев и придружната делегација, на маргините на Самитот.

Амбасадорот Лисјен ја потврдила поддршката на НР Кина за имплементација на инфраструктурните билатерални проекти од интерес на Република Македонија. Воедно по повод јубилејот, петгодишнината од соработката во рамките на Процесот 16+1, го претстави документот „Петгодишна листа на резултати од процесот за соработка на Кина со земјите на Централна и Источна Европа“ од 28 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП