29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗапочна продажбата на Huawei Mate 10 Pro во Македонија

Започна продажбата на Huawei Mate 10 Pro во Македонија

Паметениот телефон со вештачка интелигенција отсега достапен и на македонскиот пазар

Предводникот од новата Mate серија – Huawei Mate 10 Pro доаѓа официјално од денеска во продажната мрежа на Македонски Телеком и Vip, како и во синџирот продавници на Нептун. Моделот е достапен во титаниум сива и кафеава боја.

Huawei Mate 10 Pro е револуционерен уред на пазарот кој е познат не само како паметен телефон, туку и како нова генерација на интелигентна машина. Чипот Kirin 970 со осум јадрен процесор обезбедува исклучително високи перформанси. Неговиот специјализиран сметачки блок, базиран на невронска мрежа работи со подобрени алгоритми за машинско учење, кои го изучуваат корисничкото однесување и го усовршуваат секој аспект на користење на смартфонот, без да ја компромитира безбедноста и доверливоста во врска со навиките и информациите на корисникот. Од вештачката интелигенција, своја корист има и батеријата на Mate 10 Pro. Таа е со капацитет од 4000 mAh и поседува интелигентен систем за управување на потрошувачката, која ги распределува ресурсите, со што максимално се продолжува времето за автономна работа дури до два дена при умерено оптоварување.

Камерата Double Leica е природно продолжување на успешното партнерство помеѓу Huawei и легендарниот германски бренд за фотографија. Леќите имаат широка решетка f / 1,6 и користат вештачка интелигенција за ефектот „boke”. Повторно благодарение на вештачката интелигенција, таа доаѓа претходно обучена да препознае 13 различни сцени и објекти за да може уште полесно да се постигне совршениот кадар во секоја ситуација.

Металната рамка кај најновиот предводник на Huawei му дава елегантен дизајн и софистициран изглед.

Покрај убавиот изглед и интелигентниот чипсет, Mate 10 Pro импресионира и со интерфејсот EMUI 8.0, и оперативниот систем Android 8.0 Oreo. Благодарение на вештачката интелигенција активностите извршени преку Mate 10 Pro, се оптимизирани извршени со леснотија, а преку најновиот 6-инчен 18:9 OLED екран FullView Display, искуството станува уште повеќе незаборавно. SuperCharge технологијата на Huawei прва во светот, има сертификат TÜV Fast-Charge Safety кој гарантира целосна безопасост на целиот процес.

Повеќе за Мате 10 Про во Македонија, можете да дознаете тука:

http://consumer.huawei.com/mk/phones/mate10-pro/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП