10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките доставија предлог услови за склучување на Меморандум за разбирање до неколку...

Банките доставија предлог услови за склучување на Меморандум за разбирање до неколку потенцијални инвеститори за “Фени”

Банките доверители веднаш по носењето на одлуката на Судот во Велес за отварање на стечајна постапка доставија предлог услови за склучување на Меморандум за разбирање до неколку потенцијални инвеститори , кои до овој момент покажаа интерс за „ФЕНИ Индустри“.

“Како резултат на нашата доследност, овие предлог услови се доставени и до конзорциум во кој учествува и Енекод. Сите заинтересирани инвеститори имаа доволен период да ги разгледаат предлог условите од Меморандумот и дококу ги исполнуваат условите имаат рок до 06.12.2017 година, истиот да го потпишат”, известуваат банките.

“Очекуваме дека во наведениот период ќе имаме веќе потпишан Меморандум со некои од заинтересираните инвеститори, по што веднаш ќе се создадат услови Банките да поднесат изјави до Судот, и очекуваме истиот да овозможи плаќање на сите неопходни трошоци за непречено функционираење на технолошки минимум на работење на „ФЕНИ Индустри“, вклучувајки и исплата на ноемвриската плата на вработените соглaсно законските можности”, додаваат од банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП